ПРВ.мк

Дали Манчестер Јунајтед го очекува ново разочарување? Џим Ретклиф изгубил повеќе од 6 милијарди фунти

Дали Манчестер Јунајтед го очекува ново разочарување? Џим Ретклиф изгубил повеќе од 6 милијарди фунти
Jumbo Banner

Сопственикот на 27% од акциите на англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, се соочува со сериозни финансиски предизвици, откако неговата компанија „Инеос“ пријави загуба од 6,43 милијарди фунти во последната година. Како што пренесува весникот Тајмс, оваа сума претставува нешто повеќе од една четвртина од неговото проценето лично богатство.

Ретклиф, кој во 2018 година беше прогласен за најбогат Британец, сега падна на седмата позиција на таа листа. И покрај огромната загуба, тој уверува дека финансиските потешкотии на „Инеос“ нема да се одразат врз работењето на Манчестер Јунајтед.

Откако стана дел од управувачката структура на клубот кон крајот на 2023 година, Ретклиф иницираше низа контроверзни реформи насочени кон намалување на трошоците. Меѓу најзабележителните мерки беше и укинувањето на ангажманот на клупската легенда Сер Алекс Фергусон, кој до неодамна ја извршуваше функцијата клубски амбасадор.

Иако ваквите одлуки предизвикаа реакции кај навивачите и пошироката спортска јавност, од таборот на „црвените ѓаволи“ уверуваат дека целта е долгорочна стабилизација и одржливост на клубот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран