ПРВ.мк

Барселона е нов шампион на Шпанија

Барселона е нов шампион на Шпанија
Jumbo Banner

Барселона го освои шампионатот по 28. пат – победа во дербито против Еспањол со 2-0

Барселона ја завери шампионската титула во Ла Лига по победата од 2-0 на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол, во натпревар од претпоследното коло на сезоната.

Тимот на Ханси Флик, кој ја водеше Барса во својата прва сезона како тренер, го освои својот прв трофеј во Шпанија и веднаш донесе двојна круна – шампионатот и Купот на Шпанија.

Во дербито против Еспањол, каталонците поведоа со прекрасен погодок на младиот Ламин Јамал во раната фаза од второто полувреме. Домаќините беа подобри во првиот дел, но не успеаја да го материјализираат тоа со гол.

Ситуацијата за Еспањол се влоши во 80. минута кога Кабрера доби директен црвен картон поради удар во стомакот на Јамал. Барселона ја искористи бројчаната предност и во судиското продолжение, преку Фермин, го потврди триумфот со втор гол.

По последниот свиреж започна славјето на фудбалерите и навивачите на Барселона, а главната прослава низ улиците на градот е најавена за утре.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран