ПРВ.мк

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!
Jumbo Banner

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската дискотека Пулс.
Денес Горан преку фотографија и емотиврн статус им се заблагодари на докторите во Солун и упати уште еднаш сочуство до неговите другари кои за жал не успеаа да преживеат таа кобна ноќ.

Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене 🙏 Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари ❤🩹Сочувство за сите фамилии

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран