ПРВ.мк

Меџити најавува промени во Собранието: Четворица пратеници од Фронтот ќе ѝ се приклучат на Владата

Меџити најавува промени во Собранието: Четворица пратеници од Фронтот ќе ѝ се приклучат на Владата
Jumbo Banner

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека политичките случувања во земјава се дури на почетокот и дека промените во парламентарниот состав многу брзо ќе станат видливи.

Во интервју за централниот дневник на Алсат М, Меџити нагласи дека коалицијата ВЛЕН нема да остане само со девет пратеници, најавувајќи дека четворица пратеници од Европскиот фронт се на прагот да го напуштат тој блок и да ѝ се приклучат на владејачкото мнозинство.

„Движењата започнаа и во наредните денови ќе се види дека ситуацијата не е таква. ВЛЕН нема да биде со 9 пратеници. Точно е дека 4 пратеници од Фронтот ќе го напуштат Фронтот и ќе ѝ се приклучат на Владата,“ изјави Меџити.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран