Американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, денес потпишаа значаен договор за набавка на 160 авиони од американскиот авио-гигант „Боинг“, наменети за катарската национална авио-компанија „Катар ервејс“. Вредноста на договорот се проценува на околу 200 милијарди американски долари.
Според соопштението од Белата куќа, вкупната вредност на потпишаните договори помеѓу двете земји се очекува да генерира економска размена од најмалку 1,2 трилиони долари.
Договорот со „Катар ервејс“ конкретно вклучува набавка на до 210 авиони од моделите „Боинг 787 Дримлајнер“ и „Боинг 777X“, со вкупна вредност од 96 милијарди долари. Оваа соработка се смета за еден од најголемите комерцијални договори во историјата на американската авиоиндустрија.