Актуелниот бранител на шампионскиот трофеј, екипата на МЗТ Скопје Аеродром направи уште еден, втор чекор на пат кон големото финале на плеј-офот и одбрана на титулата во Првата македонска кошаркарска лига.
Скопските „сино-бели“ беа уште еднаш подобри од кумановските, кои оставија многу подобар впечаток во СЦ „Јане Сандански“, но не го изненадија фаворизираниот тим од Аеродром (82:76).
Кај победникот Едвин реализираше 22 поени, потоа 12 запиша Крстевски, а уште 10 додаде Андоноски, кој успешно го замени недоволно закрепнатиот Маслинко.
Во гостинската екипа, Димитриевски имаше 22 поени поени, Радукиќ го следеше со 17, додека Петровиќ забележа 14.