ПРВ.мк

Израел потврди: Извршени се над 150 воздушни напади

Израел потврди: Извршени се над 150 воздушни напади
Jumbo Banner

Израелските одбранбени сили (ЦАХАЛ) соопштија дека во текот на изминатото деноноќие извршиле воздушни напади врз повеќе од 150 „терористички цели“ во Појасот Газа.

Според соопштението, целите на нападите вклучувале локации за лансирање противтенковски ракети, оперативни ќелии, како и објекти што ги користат терористички групи за напади врз израелските сили, пренесува The Times of Israel.

Во рамки на копнените операции, ЦАХАЛ информираше дека 252. дивизија неутрализирала неколку оперативци кои се наоѓале на надгледувачница во северниот дел на Газа.

Дивизијата задолжена за областа Газа уништила неколку влезови во тунели, друга инфраструктура и елиминирала оперативци во градот Рафах. Во меѓувреме, 36. дивизија уништила дополнителна инфраструктура на Хамас и убила група борци кои се обидувале да постават експлозивна направа во подрачјето на коридорот Мораг.

Од друга страна, палестинските медиуми јавуваат дека од утрово, во израелските напади во Појасот Газа животот го загубиле над 75 лица.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран