ПРВ.мк
Свет

ПАДНА ГОЛЕМА ПИРАТСКА МРЕЖА: Илјадници нелегално гледале Нетфликс и Дизни+, штетата достигнала 300 милиони евра!

ПАДНА ГОЛЕМА ПИРАТСКА МРЕЖА: Илјадници нелегално гледале Нетфликс и Дизни+, штетата достигнала 300 милиони евра!

Италијанските власти разоткрија огромна нелегална мрежа за стриминг која, според проценките, им нанела штета од околу 300 милиони евра на неколку од најголемите светски платформи за филмови, серии и спортски преноси.

Во акцијата што ја спровела италијанската финансиска полиција Гвардија ди Финанца, била разбиена софистицирана пиратска шема преку која корисници добивале нелегален пристап до содржини од Netflix, Disney+, Spotify, Sky и DAZN.

Според истражителите, централна улога во целиот систем имала апликацијата „Синемагоал“, преку која илјадници луѓе гледале заштитени содржини без легална претплата.

Властите откриле дека мрежата користела напредна технологија и виртуелни сервери поставени во Италија. Системот на секои неколку минути пресретнувал кодови за пристап од вистински претплати регистрирани на лажни профили, а потоа повторно ги емитувал до корисниците. На тој начин биле заобиколувани безбедносните механизми на стриминг платформите.

Во координираната акција, која била реализирана со поддршка на Eurojust, биле запленети сервери лоцирани во странство. На нив, според полицијата, се чувале чувствителни податоци за дешифрирање, како и изворниот код на апликацијата.

Паралелни полициски операции биле спроведени и во Франција и Германија, што укажува дека мрежата функционирала на меѓународно ниво.

Истражителите откриле и користење на нелегални уреди за стриминг, познати во Италија под името „пецото“, преку кои корисниците пристапувале до пиратските сервиси.

Според информациите на италијанските власти, околу 1.000 идентификувани корисници ќе се соочат со парични казни кои се движат од 154 до дури 5.000 евра.

Случајот предизвика големо внимание во Европа, особено поради огромната финансиска штета и високото ниво на технологија што било користено за нелегалното емитување содржини.

Најнови вести