ПРВ.мк
Свет

ОПАСНА ДРАМА: Киднапирана судијка и нејзината мајка – еве колку е побаран откуп!

ОПАСНА ДРАМА: Киднапирана судијка и нејзината мајка – еве колку е побаран откуп!
Kristal

35-годишна судијка и нејзината 66-годишна мајка биле киднапирани и држени околу 30 часа во областа Гренобл, пред да бидат ослободени, објави „Ле Паризиен“.

Инцидентот се случил ноќта од вторник кон среда, околу 3 часот наутро, во домот на судијката во Сен Мартен ле Вину, југоисточна Франција. Напаѓачите ги ставиле жените во багажник на автомобил, а на местото на киднапирањето биле пронајдени траги од крв. Партнерот на 35-годишната жена, кој работи во секторот за криптовалути, во тоа време бил отсутен.

Двете жени биле пронајдени во петок наутро во Бур-ле-Валенс, околу 100 километри од местото на киднапирањето. Тие биле врзани во гаража, а соседот ги ослободил откако слушнал чудни звуци.

Жртвите претрпеле повреди и веднаш биле префрлени во болница за прва помош. Според полициски извори, сторителите побарале откуп во биткоин во износ од околу 1,6 милиони евра. Засега не е познато дали откупот бил платен, а апсења нема.

Истрагата е во тек, а властите интензивно работат на идентификација на сторителите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo