Жителите на нишката населба Палилула се потресени од бруталното убиство на 44-годишната А.Ш., која беше ликвидирана со огнено оружје пред својата куќа. Осомничениот Д.Г. е уапсен неколку часа по инцидентот.
Според информации од очевидци, несреќната жена го однела своето дете во градинка, а додека се враќала дома, напаѓачот ја чекал во заседа. Тој бил добро запознаен со нејзините движења. Кога А.Ш. влегла подлабоко во улицата, на пат кон домот, тој испукал три истрели, заминал, а потоа се вратил и испукал уште еден „контролен“ истрел, за да се увери дека жртвата е мртва.
Соседите опишуваат сцени од ужас:
„Слушнав истрели рано наутро, истрчав надвор и видов жена како лежи во локва крв. До неа стоеше маж со пиштол. Ме погледна и рече: ‘Нема тебе, бегај!’, а потоа исчезна во околните премини“, изјави сосед за српските медиуми.
Жртвата и напаѓачот, наводно, биле кумови. А.Ш. е поранешна ракометарка и живеела со својата мајка и детето по разводот од сопругот Ѓорѓе М., кој загинал во експлозија во 2017 година.
Полицијата веднаш блокирала излези од градот и клучни патишта во Палилула. На терен излегле силни полициски сили, форензички експерти и дежурниот обвинител. Се проверуваат снимки од безбедносни камери и се истражува дали напаѓачот имал соучесници.
Не се исклучува можноста мотивот за убиството да е поврзан со минатите сметки од криминалните кругови.
Телото на А.Ш. е префрлено во Институтот за судска медицина за обдукција, а полицијата интензивно работи на расветлување на сите околности околу овој грозоморен чин.

















