ПРВ.мк
Свет

ОН со алармантно предупредување: Доаѓа нов удар врз цените на основните прехранбени производи

ОН со алармантно предупредување: Доаѓа нов удар врз цените на основните прехранбени производи

Светот би можел да се соочи со нов бран поскапување на храната, предупредува главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Максимо Тореро.

Според него, војните во Украина и на Блискиот Исток, заедно со климатскиот феномен Ел Нињо, создаваат сериозен притисок врз глобалното производство на храна. Дополнителен проблем се повисоките цени на енергенсите, недостигот од ѓубрива и дизел, како и екстремните временски услови, кои ги зголемуваат трошоците за земјоделско производство.

Иако цените на храната во моментов се релативно стабилни, експертите предупредуваат дека тоа би можело да биде само привремено. Според проценките на ФАО, цените на земјоделските суровини ќе почнат позначително да растат до крајот на годината, а уште поголеми поскапувања се очекуваат во текот на следната година.

Од ФАО објаснуваат дека обично се потребни три до шест месеци за повисоките цени на суровините да се одразат и врз цените на храната што ја плаќаат потрошувачите.