ПРВ.мк
Македонија

Фатен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес

Фатен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес

Полицијата го приведе 39-годишниот М.Ш. од тетовското село Челопек, кој пред неколку дена со автомобил се движел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес, сериозно загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Случајот стана познат откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија од возилото со тетовски регистарски таблички, по што полицијата веднаш започнала со идентификација на возачот.

По преземените оперативни мерки, полициски службеници го лоцирале и лишиле од слобода осомничениот, кој е задржан во полициска станица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.