Најновите сателитски снимки откриваат колку драстично се намалило нивото на Дунав, прикажувајќи ја разликата меѓу минатата година и сегашната состојба. На повеќе делови од реката, водата се повлекла, а на нејзино место се појавиле големи песочни површини и нови острови.
Според анализите, ваквата промена е последица на долгите сушни периоди и екстремно високите температури што ја погодија Европа. Континентот се загрева побрзо од кој било друг во светот, а честите топлотни бранови дополнително ги намалуваат водостоите на реките.
Ниското ниво на Дунав не влијае само врз пловидбата, туку претставува закана и за водните екосистеми, снабдувањето со вода и економските активности поврзани со реката.
Експертите предупредуваат дека, доколку сушниот период продолжи, последиците би можеле да станат уште посериозни, а слични промени да се забележат и на други големи европски реки.
Видео:








