ПРВ.мк
Свет

МАСОВНА ЕПИДЕМИЈА: Над 25.000 заразени по консумирање салата, здравствените власти алармираат за опасен паразит!

МАСОВНА ЕПИДЕМИЈА: Над 25.000 заразени по консумирање салата, здравствените власти алармираат за опасен паразит!

Американските здравствени власти предупредуваат на голема епидемија на паразитската инфекција циклоспоријаза, која досега зафатила повеќе од 25.000 лица. Според досегашните информации, главен извор на заразата е контаминирана ледена (ајсберг) салата.

Епидемијата е потврдена во најмалку 15 сојузни држави, додека случаи на инфекција се регистрирани во вкупно 47 држави, покажуваат податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC).

По спроведената истрага, производителот „Taylor Farms“ ја повлече спорната салата од продажба, откако било утврдено дека производот потекнува од централниот дел на Мексико.

Циклоспора е микроскопски паразит кој го напаѓа дигестивниот систем и најчесто се пренесува преку загадена храна или вода. Инфекцијата предизвикува силна воденеста дијареја, а симптомите можат да се појават и неколку недели по консумирањето на контаминираната храна, што дополнително го отежнува откривањето на изворот на заразата.

Здравствените експерти оценуваат дека станува збор за најголемата досега регистрирана епидемија на циклоспоријаза во САД. Покрај рекордниот број заразени, пријавени се и смртни случаи, иако здравствените власти продолжуваат да ја испитуваат поврзаноста на сите случаи.

Американската Агенција за храна и лекови (FDA) и понатаму ја следи состојбата, спроведува дополнителни проверки и ги истражува можните нови жаришта со цел да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.

Здравствените институции ги повикуваат граѓаните да внимаваат на известувањата за повлекување на производи од пазарот и при појава на симптоми навремено да побараат медицинска помош.