Високиот ирански генерал Мохсен Реза тврди дека Пакистан дал сериозно ветување: доколку Израел употреби нуклеарно оружје против Иран, Исламабад ќе одговори со иста сила.
Оваа изјава ја даде членот на иранскиот Совет за национална безбедност, кој истакна дека Пакистан стои рамо до рамо со Техеран и дека „ќе го нападнат Израел со нуклеарна бомба“ доколку дојде до екстремна ескалација.
Реза ја искористи приликата да повика на единство во исламскиот свет и заеднички фронт против заканите од Израел, нарекувајќи го моментот „критичен за регионалната безбедност“.