ПРВ.мк
Свет

Нова ескалација: Украина удри по руски нафтени објекти, Русија тврди дека соборила стотици дронови

Нова ескалација: Украина удри по руски нафтени објекти, Русија тврди дека соборила стотици дронови

Украина изврши нов напад со беспилотни летала врз руски нафтени објекти во близина на Санкт Петербург, при што, според руските власти, биле соборени десетици дронови.

Гувернерот на Ленинградската област соопшти дека остатоци од соборените летала паднале во пристаништето Висоцк, каде што се наоѓа голем терминал за товарење нафта. На социјалните мрежи се појавија и снимки кои сугерираат дека можеби бил погоден и нафтен објект во близина на Санкт Петербург, но засега нема официјална потврда за тоа.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на нападите биле пресретнати вкупно 389 украински дронови низ различни делови на земјата.

Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека најмалку четири лица загинале, а 27 биле повредени во руски воздушен напад врз градот Суми. Според локалните информации, погодена била станбена зграда, а постои сомнеж дека дел од жителите сè уште се под урнатините.

Нападот, според регионалната администрација, бил извршен со лизгачки бомби лансирани од руски борбени авиони.