ПРВ.мк
Свет

НОВ ШОК: Цените на нафтата повторно експлодираа - еве за колку!

НОВ ШОК: Цените на нафтата повторно експлодираа - еве за колку!

Утрово глобалните енергетски пазари повторно забележаа раст на цените на суровата нафта, при што „Брент“ достигна ниво над 112 долари за барел, додека американската сурова нафта се движи околу 100 долари.

Според податоци од берзанското тргување околу 9:30 часот, цената на нафтата бележи пораст од речиси 1%, при што американската сурова нафта се зголеми на околу 100.910 долари, додека „Брент“ се искачи на околу 112.540 долари за барел.

Ова претставува седми последователен раст на цените, со што нафтата го достигнува највисокото ниво од почетокот на април, што дополнително ја зголемува загриженоста на пазарите и аналитичарите.

Како една од главните причини за растот се наведува геополитичката нестабилност, вклучително и блокадите на важни транспортни рути како Ормутски теснец, кој е клучен за глобалниот проток на нафта.

Дополнително, пазарите реагираат и на информациите поврзани со промени во рамките на ОПЕК+, како и на најавите за потенцијални поместувања во производствените политики на некои членки.

Во фокус останува и ситуацијата на Блискиот Исток, каде инвеститорите внимателно ги следат политичките сигнали, вклучително и можните реакции на САД и позициите околу Иран, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарот.

Експертите предупредуваат дека комбинацијата од ограничена понуда, геополитички ризици и нестабилни трговски текови може да продолжи да врши притисок врз цените и во наредниот период, со потенцијални последици и за глобалната економија и за цените на горивата на пумпите.

Најнови вести