ПРВ.мк
Свет

Невиден скандал во Колумбија: Земјоделец ископа 600 милиони долари, скриени од Пабло Ескобар

Невиден скандал во Колумбија: Земјоделец ископа 600 милиони долари, скриени од Пабло Ескобар

Колумбиски земјоделец од Антиокија случајно наидол на неверојатно богатство – цели 600 милиони долари, внимателно сокриени во ‘рѓосани буриња под земја. Станува збор за стотици купчиња американски долари, совршено сочувани, за кои постои сомнеж дека му припаѓале на прочуениот нарко-бос Пабло Ескобар.

Откритието веднаш предизвика реакција од колумбиските власти, кои започнале истрага за потеклото на парите. Според првичните процени, станува збор за дел од огромните резерви што картелот Меделин ги криел во 80-тите и 90-тите години, кога милијарди долари биле сокривани во фарми и џунгли, со цел да не бидат лесно откриени или легализирани.

Ова не е првпат да се појават пари на Ескобар, но сумата е една од најголемите досега најдени. На врвот на својата моќ, Ескобар бил познат по тоа што закопувал богатство насекаде низ Колумбија – дел од кое и денес останува неоткриено.

Случајот предизвика лавина реакции: од едната страна стои надежта дека земјоделецот ќе биде награден за откритието, а од другата – стравувањата за неговата безбедност, бидејќи ваквото богатство секогаш привлекува внимание од криминални структури. Колумбиската влада сè уште одлучува дали ќе ги конфискува парите или дел ќе му припадне на човекот кој случајно го откри скриеното богатство.

Escape