ПРВ.мк
Свет

Нетанјаху со еден потег ги уништи шансите за спас на заложниците – жестоки осуди од Катар, САД и други сили!

Нетанјаху со еден потег ги уништи шансите за спас на заложниците – жестоки осуди од Катар, САД и други сили!

Катарскиот премиер, Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим ал-Тани, во интервју за CNN остро го осуди Израелскиот воздушен напад во Доха, нарекувајќи го „државен тероризам“. Во нападот се убиени шест членови на Хамас кои, според Катар, биле клучни преговарачи за постигнување договор за прекин на огнот, во посредство на САД и заливските земји.

Според ал-Тани, овој напад директно ја уништил последната надеж за ослободување на преостанатите заложници во Газа. Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го злоупотребил трпението на Катар, кој вложува огромни напори да посредува во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Тој треба да биде изведен пред лицето на правдата,“ изјави ал-Тани.

Одговорот на Нетанјаху беше уште поконтроверзен – во видео изјава, тој ги нападна Катар и другите држави што, според него, „засолнуваат терористи“, додавајќи дека Израел го задржува правото да делува во иднина.

„Или ќе ги избркате терористите, или ние ќе ги изведеме пред лицето на правдата,“ рече тој.

Катар изрази длабоко разочарување и најави дека ќе го преиспита своето посредништво во конфликтот, бидејќи нападот се случил во момент кога биле во тек сериозни мировни преговори. Ал-Тани изјави дека се сретнал со семејства на заложници истата утрината и дека тие „немаат друга надеж освен ова посредништво“.

„Со овој напад, Нетанјаху ја уби секоја надеж,“ додаде премиерот на Катар.

Од Израел пристигнаа и други слично пркосни реакции. Министерот за одбрана, Израел Кац, порача преку платформата X (поранешен Твитер):

„Нема место каде што терористите можат да се скријат... Секој што беше вклучен во нападот на 7 октомври ќе одговара“.

Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, во изјава за Fox News, нагласи дека доколку сега не се убиени лидерите на Хамас, тоа ќе се случи во нареден обид.

Катар, инаку близок сојузник на САД, ја играше улогата на главен посредник во преговорите за прекин на огнот во Газа. Лидерите на Хамас, кои се наоѓаат во Доха, наводно се собрале за да го разгледаат новиот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, пак, реагираше преку Truth Social, изјавувајќи дека немал никаква поврзаност со нападот, иако неговата администрација се обидела да го предупреди Катар, но било предоцна.

Хамас соопшти дека никој од неговите високи лидери не е повреден, но загинале пет понискорангирани членови. Израелски функционер призна дека оптимизмот за резултати од нападот е намален.

Катар потврди дека еден негов безбедносен службеник е убиен, а Израел е директно обвинет за државен тероризам.

Дополнително, Израел изврши напад и врз Јемен, при што, според телевизијата Алмасира, било погодено Министерството за одбрана во Сана, како и воени кампови на Хутите.

Меѓународните реакции беа остри:

  • Британскиот премиер Кир Стармер го осуди нападот и изјави дека Израел го нарушил суверенитетот на Катар
  • Русија и Кина го осудија нападот
  • Регионални лидери пристигнаа во Катар како знак на солидарност
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape