Во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека 46-годишниот Д.М. од село Лозово заминал на работа во Скопје на 24 јули и од тој ден му се губи секаква трага.
Неговата сестра Д.М. (43) пријавила дека брат ѝ не се јавил ниту еднаш и не се вратил во семејниот дом.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на исчезнатиот маж, а семејството живее во неизвесност, барајќи одговори каде е и што се случило со него.