ПРВ.мк
Македонија

Тројца приведени за катастрофалниот пожар во Трубарево – токсичен чад го обви Скопје

Тројца приведени за катастрофалниот пожар во Трубарево – токсичен чад го обви Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека управителот, сопственикот и уште едно лице се приведени во врска со големиот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во скопското село Трубарево.

Според првичните информации, тие се наоѓаат во полициска станица, а понатамошната постапка ќе се спроведува по насоки на Јавниот обвинител.

Мерењата на терен покажале присуство на штетни супстанци, но не и радиоактивно зрачење. Најзагрозени се граѓаните кои живеат во радиус од 150 метри од фабриката, додека на 400 метри не е регистрирано загадување.

– Жителите кои се во непосредна близина мора веднаш да ги напуштат своите домови. За оние што живеат на растојание до 400 метри, обезбеден е сместувачки капацитет во центарот за обука – изјави Тошковски.

Министерството за здравство најави дека на граѓаните ќе им бидат доделени заштитни маски поради високата токсичност на воздухот во жариштето на пожарот.

Escape