ПРВ.мк
Македонија

МЗ со апел: Строго почитувајте ги упатствата на ИЈЗ при ризик од загаден воздух и чад

МЗ со апел: Строго почитувајте ги упатствата на ИЈЗ при ризик од загаден воздух и чад

Министерството за здравство упати повик до граѓаните да ги следат препораките на Институтот за јавно здравје во услови кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и изложеност на штетни материи.

Особено внимание треба да обрнат лицата со хронични респираторни заболувања, децата, повозрасните лица и бремените жени. Тие се советуваат да избегнуваат активности на отворено, а во случаи кога излегувањето е неопходно, задолжително е користење соодветни заштитни маски.

МЗ предупредува дека симптоми како кашлица, тешкотии со дишењето, главоболка и иритација на очите, носот или грлото не смеат да се игнорираат. Секој што ќе ги почувствува овие реакции треба веднаш да побара медицинска помош.

Во ризични подрачја граѓаните треба да останат во затворени простории со добро затворени прозорци и врати, а системите за климатизација и вентилација кои вовлекуваат надворешен воздух да се исклучат за да се спречи навлегување на чад и загадувачи.

Дополнително, се препорачува редовно следење на официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот. Установите за згрижување на стари лица се повикани да преземат мерки за максимално ограничување на изложеноста на оваа ранлива група.

Министерството апелира граѓаните да се воздржат од пристап до погодените подрачја и отпадот сè додека не биде дадена официјална дозвола, како и да ги почитуваат насоките од јавноздравствените институции и службите за итна помош, вклучително и можни наредби за евакуација.

Escape