Биткоинот денеска го проби сопствениот таван, достигнувајќи нова рекордна цена од 118.000 американски долари, поттикната од зголемена побарувачка од институционалните инвеститори и новите крипто-политики на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Со ова достигнување, вредноста на најголемата светска криптовалута порасна за над 26% само оваа година, што предизвикува еуфорија меѓу крипто-ентузијастите и сериозните финансиски кругови.
Според Џошуа Шу, копретседател на хонконшката задруга Web3,
„Новиот рекорд на Биткоин е резултат на непрекинатата институционална акумулација – големите играчи ги купуваат достапните залихи и ја исцрпуваат ликвидноста на берзите.“
Дополнителен импулс доаѓа и од политичкиот фронт. Во март, претседателот Трамп потпиша извршна уредба со која САД започнаа со формирање стратешки резерви на криптовалути, а во неговата администрација беа назначени лица блиски до крипто-заедницата, како што се:
- Пол Еткинс, нов претседател на Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC)
- Дејвид Сакс, наречен и „царот за вештачка интелигенција“ во Белата куќа
Дополнително, дел од семејните компании на Трамп веќе активно влегуваат во крипто-секторот, што само го зголемува влијанието на администрацијата врз пазарот.
Етереум, втората највредна криптовалута, исто така бележи раст – порасна за речиси 5%, достигнувајќи 2.056,82 долари, а неодамна ја допре и границата од 3.000 долари, што е највисоко ниво во последниве пет месеци.
Во последните недели, Биткоинот стабилно се движеше околу 100.000 долари, поддржан од довербата во крипто-иницијативите на САД, и очекувањата дека новата политика ќе донесе уште поголема стабилност и прифаќање.