ПРВ.мк
Свет

Најмалку 17 мртви во крвав судир меѓу ривалски нарко банди

Најмалку 17 мртви во крвав судир меѓу ривалски нарко банди

Најмалку 17 лица загинаа во крвав конфликт меѓу ривалски групи затвореници во Еквадор, јавува агенцијата Ефе. Инцидентот се случил синоќа околу 3 часот наутро по локално време, а роднините на затворениците ја споделиле информацијата преку социјалните мрежи.

Министерството за внатрешни работи и затворската администрација сè уште не го потврдиле точниот број на жртви, но локалната веб-страница Примисијас наведува дека бројката може да биде и поголема.

Ова е втор сериозен инцидент во еквадорските казнено-поправни установи оваа недела. Претходно, во понеделник во покраината Ел Оро, на границата со Перу, во судир беа убиени 14 лица. Од 2021 година, околу 600 затвореници загинале во слични насилни судири, според извештаите на Ефе.

Кризата со насилство во затворите беше еден од мотивите поради кои претседателот Даниел Нобу во јануари 2024 година воведе итни мерки за борба против криминалот.

Escape