Исланд во 2025 година е прогласен за најдобра дестинација за сите што сакаат да започнат нов живот. Со просечна плата од 4.500 евра, оваа нордиска земја нуди комбинација од високи примања, најдобра безбедност во светот и врвна здравствена заштита.
Рејкјавик, град со само 140.000 жители, нуди космополитска атмосфера, култура, гастрономија и фестивали, а сепак го задржува чувството на блискост и заедница.
Покрај тоа што е меѓу најсреќните држави во светот, Исланд стана симбол за стабилна економија и високи животни стандарди. Токму затоа, илјадници луѓе од Балканот веќе гледаат кон оваа „ветена земја“ како своја следна дестинација за нов почеток.