ПРВ.мк
Економија

Германската криза го тресе источниот регион: Македонските текстилни фабрики една по една се гасат

Германската криза го тресе источниот регион: Македонските текстилни фабрики една по една се гасат

Текстилната индустрија во Македонија влегува во најтешкиот период последниве години. Сè повеќе компании ставаат клуч на врата, а најпогоден е источниот регион, каде што се концентрирани најголем дел од фабриките. Од почетокот на годината над 5.000 работници го напуштиле секторот, а само за последните три недели затворени се три фабрики со по околу 100 вработени.

Претседателката на „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева, предупредува дека причините се повеќеслојни – ниски плати, лоши услови за работа, нелојална конкуренција и криза кај странските партнери. Најсилен удар сепак доаѓа од Германија, која е главен извозен пазар за македонскиот текстил.

„Кризата во Германија предизвика пад на побарувачката на нашите производи. Фокусирањето само на еден пазар е убиствено за компаниите, а ние токму тоа го направивме“, вели Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата.

Работодавачите ја гледаат состојбата, но не очекуваат брз пресврт. Стравуваат дека доколку не се најдат нови пазари и стратегии, затворањата ќе продолжат.

Текстилот, кој некогаш беше двигател на економијата со повеќе од 10% удел во индустриското производство, денес се соочува со драматичен пад. Судбината на илјадници семејства зависи од тоа дали оваа гранка ќе најде начин да опстане.

Escape