Можеби секој месец се прашувате каде ви исчезнаа парите, а причината се крие во вашите секојдневни навики кои изгледаат безопасни, но сериозно го празнат буџетот:
- Импулсивно купување – Онлајн апликациите ве мамат да купувате работи што не ви се потребни. Решение: избришете ги апликациите од телефонот.
- Користење автомобил наместо пешачење – Дури и картата за превоз од 50 денари дневно е непотребен трошок ако дестинацијата е блиску.
- Непланирано купување намирници – Честото влегување во продавница води до повеќе импулсивни трошоци. Пазарувајте на големо и искористете акции.
- Често јадење надвор – Ресторани и достава брзо го празнат буџетот. Гответе дома и ќе заштедите значително.
- Игнорирање попусти – Купувајте со план и почекајте намалувања, наместо веднаш да трошите.
- Пушење – Освен што е штетно за здравјето, оваа навика буквално го гори вашиот паричник.
Со промена на овие навики, вашиот месечен џеб може да се зголеми за илјадници денари.