ПРВ.мк
Свет

Руте ја исмее Русија: „Мечката не мора да го нагласува дека е мечка, тоа се гледа сама по себе“

Руте ја исмее Русија: „Мечката не мора да го нагласува дека е мечка, тоа се гледа сама по себе“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со потсмев коментираше на вчерашните реакции од Москва по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „хартиен тигар“.

– Цел ден слушаме од Кремљ: „Не сме хартиен тигар, ние сме мечка“. Па, знаете, ако сте мечка, не мора да го нагласувате тоа, бидејќи сите ќе го видат сами. Тоа покажува слабост од руска страна, изјави Руте за Фокс њуз, додавајќи дека Трамп погодил нерв.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше дека „не постои такво нешто како хартиена мечка“ и го коментираше тврдењето на Трамп дека Украина може да ја врати целата окупирана територија, тврдејќи дека „руските сили напредуваат на сите фронтови“.

Песков исто така истакна дека средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски без соодветна подготовка би била „ПР-шоу осудено на неуспех“.

Трамп, пак, изјави дека земјите-членки на НАТО треба да соборуваат руски авиони кои го нарушуваат нивниот воздушен простор и изрази увереност дека Украина, со поддршка на ЕУ и НАТО, може да ја врати целата територија окупирана од Русија, иако истакна дека и двете страни можеби ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се стави крај на војната.

Escape