Поранешниот тениски шампион Рафаел Надал (39) и неговата сопруга Мери Перељо (37) добија второ дете – повторно син. Според светските медиуми, Мери се породила на 7 август 2025 година во болница во Палма де Мајорка, а два дена подоцна, на 9 август, парот ја напуштил болницата.
Вториот син го добил името Мигел, за кое се верува дека е избрано во чест на таткото на Мери, кој починал пред две години по тешка болест.
Надал, кој минатата година официјално се пензионира од професионалниот тенис, сега целосно се посветува на семејниот живот. Со новото бебе, семејството стана четиричлено – тие го имаат и синот Рафаел Јуниор, кој има 2 години и 10 месеци.
Рафа и Мери се венчаа во 2019 година на Мајорка, по 14 години врска. И свадбата и двете бремености ги држеа во најстрога тајност – избегнуваа јавни појавувања, а Мери го криеше трудничкото стомаче и ретко споделуваше детали.