Американската музичка легенда Доли Партон почина на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство преку социјалните мрежи.
Родена во 1946 година во Тенеси, Партон израснала во сиромашно семејство, а нејзиниот музички талент се забележал уште во детството. На само 10 години настапувала на локално радио, додека на 13 години го снимила првиот сингл „Puppy Love“.
По преселбата во Нешвил во 1964 година, започнала да гради кариера како авторка и текстописец, а пошироката популарност ја стекнала преку телевизиското шоу на Портер Вагонер.
Во 1974 година следувале песните што засекогаш ќе го одбележат нејзиното име – „Jolene“ и „I Will Always Love You“. Втората подоцна стана светски хит и во изведба на Витни Хјустон.
Партон успеала да ја надмине кантри-сцената и да стане глобална поп-културна икона. Со „9 to 5“ постигнала огромен успех и во музиката и на филмското платно, а во 1986 година го отворила забавниот парк „Dollywood“ во Тенеси.
Покрај музиката, била позната и по својата хуманитарна работа. Преку програмата „Imagination Library“ помогнала милиони книги бесплатно да стигнат до деца.
Зад себе остави 48 студиски албуми и повеќе од 100 милиони продадени изданија, а во богатата кариера освои 11 „Греми“ награди и бројни други признанија.







