ПРВ.мк
Свет

МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КОЛУМБИЈА: Урнати згради, оштетени аеродроми, расте бројот на жртви

МОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ КОЛУМБИЈА: Урнати згради, оштетени аеродроми, расте бројот на жртви

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што го погоди северозападниот дел на Колумбија, јавува „Скај њуз“.

Епицентарот на потресот бил регистриран на околу 34 километри северозападно од Картаго, на длабочина од приближно 115 километри.

Меѓу најпогодените подрачја е департманот Чоко. Во неговиот главен град Кибдо има повредени лица и значителна материјална штета, а регистрирано е и уривање на повеќе објекти. Надлежните служби се на терен и ја проценуваат целосната состојба.

Гувернерката Нубија Каролина Кордоба-Кури предупреди дека постои загриженост и поради можни последователни потреси.

Штети се пријавени и во други делови од земјата. Според локалните медиуми, оштетена е катедрала, како и повеќе од десет аеродроми. Во Кали и Манизалес паднале делови од фасади, додека една од кулите на катедралата во Манизалес била оштетена.

Дел од покривот на меѓународниот аеродром „Матекања“ исто така се урнал. Спасувачките екипи проверуваат дали под урнатините има затрупани лица.

Земјотресот бил толку силен што бил почувствуван и во соседните Венецуела, Еквадор и Панама.

Надлежните соопштија дека засега нема опасност од цунами, додека спасувачките операции и проценката на штетите продолжуваат.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА