ПРВ.мк
Македонија

ДРСКА КРАЖБА ВО ЦЕНТАР: 18-годишник нападнал 70-годишна жена и ѝ го одзел накитот

ДРСКА КРАЖБА ВО ЦЕНТАР: 18-годишник нападнал 70-годишна жена и ѝ го одзел накитот

Осумнаесетгодишен жител на Кочани бил лишен од слобода во Скопје, откако бил осомничен дека со употреба на физичка сила одзел личен накит од 70-годишна жена.

Според информациите од МВР, на 9 август околу 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.И. (18), постапувајќи по претходно добиена пријава.

Според пријавеното, младиот човек употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, по што ѝ го одзел личниот накит.

За случајот бил известен јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, казниво по член 236 став 3 од Кривичниот законик.