ПРВ.мк
Свет

ИВАНКА ТРАМП СЕ ПОФАЛИ СО ОДМОРОТ НА ИСЛАНД – реакциите беа немилосрдни: „Оди си дома!“

ИВАНКА ТРАМП СЕ ПОФАЛИ СО ОДМОРОТ НА ИСЛАНД – реакциите беа немилосрдни: „Оди си дома!“

Иванка Трамп сподели фотографии од семејниот одмор на Исланд, но наместо воодушевување, објавата предизвика лавина негативни и потсмешливи реакции на социјалните мрежи.

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп објави серија фотографии на кои позира со сопругот Џаред Кушнер и нивните три деца, опкружени со водопади, зелени ридови и впечатливата природа на Исланд.

Иванка под фотографиите кратко напиша само „Исланд“, но коментарите набрзо го презедоа вниманието.

Дел од корисниците испратија саркастични пораки поврзани со политичките и деловните интереси на семејството Трамп. „Дали и вие ја откривте оваа земја?“, „Дали купувате и градите и во Исланд?“ и „Оди си дома“ беа само дел од реакциите.

Имаше и коментари насочени лично кон Иванка, како и забелешки за нејзиниот изглед.

На фотографиите може да се види и романтичната страна од патувањето – на една Џаред ја држи Иванка во прегратка покрај река, додека на друга двајцата позираат прегрнати среде исландскиот пејзаж.

На семејните фотографии се појавуваат и нивните деца, Арабела Роуз, Џозеф Фредерик и Теодор Џејмс.

Според исландските медиуми, семејството престојувало приватно во земјата уште во јуни, патувајќи низ северниот дел на Исланд, каде што поминало околу една недела.

Фотографиите Иванка ги објави само неколку дена откако на социјалните мрежи покажа моменти од летување на јахта, без да открие каде се наоѓала.