Инцидент во здравствена установа на подрачјето на скопски Карпош бил пријавен вчера во полицијата, откако вработен во Итната медицинска помош агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал.
Според информациите, на 9 август во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден, околу 16:50 часот, Ф.С., вработен во Итната медицинска помош, агресивно се однесувал во здравствената установа.
Според пријавата, тој со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.







