ПРВ.мк
Црна Хроника

ПИЈАН ВЕЛЕШАНЕЦ ЈА НАПАДНАЛ ПАРТНЕРКАТА: Полицијата го уапси рано утринава

ПИЈАН ВЕЛЕШАНЕЦ ЈА НАПАДНАЛ ПАРТНЕРКАТА: Полицијата го уапси рано утринава

Триесет и деветгодишен велешанец бил лишен од слобода рано утринава откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата 32-годишна невенчана сопруга.

Според информациите, полициски службеници од СВР Велес го привеле А.П. (39) од Велес денеска, 10 август, околу 4:30 часот, постапувајќи по претходно добиена пријава за физички напад.

По преземените мерки и проверки било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта.

А.П. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.