ПРВ.мк
Свет

МЕЃУ ЖРТВИТЕ И ДЕТЕ: Жестоки руски масовни напади на Одеса!

МЕЃУ ЖРТВИТЕ И ДЕТЕ: Жестоки руски масовни напади на Одеса!

Руските сили изведоа минатата ноќ масовен воздушен напад врз станбени и инфраструктурни објекти и административни згради во Одеса, Украина, пренесува „Укринформ“, наведувајќи дека руските проектили предизвикале бројни големи пожари низ градот и оштетувања на згради и возила.

И покрај повторените аларми за воздушна опасност, спасувачите ги изгаснале сите пожари, а пожарникарите спасиле четири лица, вклучително и едно дете.

Операциите за спасување продолжуваат, како и пребарувањето на луѓето затрупани под урнатините, а во овие акции учествуваат и обучени кучиња трагачи.

Украинците нападнале рудник, 41 рудар заробен под земја

Претседателот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Леонид Пасечник, денеска соопшти дека 41 рудар останал заробен под земја по нападот на украинските сили врз рудникот „Белореченскаја“.

– Минатата ноќ украинските вооружени сили нападнаа рудникот „Белореченскаја“, оштетувајќи електрична трафостаница. Прекинот на струја ги погоди 41 рудар, кои во моментов се под земја. Контактирани се и имаат залихи на вода за пиење – рече Пасечник, пренесува агенцијата РИА Новости.

Според него, итните служби моментално работат на спасување на луѓето, како и на повторно поврзување на рудникот со електрична енергија.