ПРВ.мк
Свет

МАКРОН ОД ГОВОРНИЦАТА НА ОН: Во светот се враќа „законот на џунглата“

МАКРОН ОД ГОВОРНИЦАТА НА ОН: Во светот се враќа „законот на џунглата“

Францускиот претседател Емануел Макрон од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк предупреди дека светот се соочува со враќање на „законот на џунглата“ и повика државите цврсто да застанат зад меѓународниот поредок и ОН. Генералната дебата на 81. сесија започна на 22 септември.

Макрон порача дека светските лидери се исправени пред избор дали меѓународните односи ќе се темелат на сила и интереси или на правила, соработка и институции. Според него, токму во период на големи глобални кризи е неопходно зајакнување на улогата на Обединетите нации.

Францускиот претседател посебно се осврна на состојбата на Блискиот Исток и во Појасот Газа. Тој оцени дека ситуацијата претставува „спектакл од кој сите треба да се срамиме“ и посочи дека, и покрај тврдењата за постигнат напредок, не е отворен ниту еден хуманитарен коридор во Газа.

Во фокусот на неговото обраќање беа и војната во Украина и потребата од мултилатерален одговор на актуелните меѓународни кризи. Француското претседателство претходно најави дека Украина и Блискиот Исток ќе бидат меѓу главните теми на настапот на Макрон.