Белорускиот лидер Александар Лукашенко ги предупреди САД дека треба да го прекинат „предизборниот хаос“ и да се фокусираат на преговорите за Украина. Тој тврди дека им го пренел ставот на Путин за итно прекинување на огнот и повлекување од војната, нагласувајќи дека засега Западот не сака да ја заврши конфликтот.
Лукашенко рече дека САД треба да му кажат на Зеленски да престане со нападите, по што ќе следи договор, но изрази сомнеж дека тоа навистина им е во интерес. Ова го кажа на свечен собир по повод Денот на независноста на Белорусија, потенцирајќи дека конфликтот мора да се реши што побргу.