Пророштвото на Свети Малахија, за кое се тврди дека потекнува од 12. век, повторно ја бранува јавноста. Според ова мистериозно дело, последниот папа – „Петар Римјанинот“ – ќе владее во време на големи страдања пред да настапи судниот ден и уништувањето на „градот на седумте ридови“, алузија на Рим. Теории сè почесто го идентификуваат папата Франциск како последниот папа, а 2027 како крајна година за човештвото.
Иако историчарите го оспоруваат пророштвото – бидејќи било објавено дури во 1595 година – некои симболики се совпаѓаат со реални настани и папи, како Јован Павле II и Бенедикт XVI.
Колку и да изгледа нереално, секој нов ден поблиску до 2027 го зголемува интересот – и загриженоста.