Новата ѕвезда на светскиот фудбал, тинејџерот на Барселона, 17 годишниот Ламин Јамал е „уловен“ на одмор во Италија со 29-годишната инфлуенсерка и креаторка на содржини на „OnlyFans“, Фети Васкез.
Ламин Јамал сè уште не е полнолетен, но тоа не е проблем разни девојки да го опседнуваат, обидувајќи се да го освојат и на тој начин да добијат удобен живот.
Фудбалскиот ас на Барселона поради неговата нова „другарка“ се најде во центарот на жолтиот печат. Овие медиуми посебно ја коментираат разликата во години меѓу Јамал и атрактивната ѕвезда на „OnlyFans“ Фети.

Веднаш по појавувањето на контроверзните фотографии од одморот во Италија со кои ги засилија шпекулациите дека тие се нешто повеќе од само пријатели, започна невидена хајка против Фaти, со обвиненија за педофилија но имаше и такви фанови на Јамал кои и се закануваат на жешката инфлуенсерка дури и со закани со смрт.
Поради сето ова, Фати мораше да даде изјава.
„Прво, имам 29 години, сè уште не сум наполнила 30 години. Понатаму, никому ништо не сум направил, никого не сум убила. Реакциите се преголеми и влијаат на нашите најблиски. Само поминав неколку дена со него, што можете да го видите на сликите, и тоа е сè. Не сакам ситуацијата да се влоши, бидејќи станува збор за сериозни закани, навреди… Веќе е поминато прекумерно, истакнала вознемирената Фети.

Потоа Фaти се обиделаи дополнително да ја разјасни ситуацијата: „Кога станува збор за постар маж со помлада девојка, никој ништо не кажува. Но, кога жената е со помлад маж, одеднаш тоа станува проблем! Нема да кажам ништо повеќе, ниту пак сакам да правам скандал од ова, бидејќи според мене навистина не е потребно“, објасни Фати Васкез.

