ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Морска драма што ќе ја паметат цел живот: Душекот ги однесе километри од брегот – дедото колабираше

(ФОТО) Морска драма што ќе ја паметат цел живот: Душекот ги однесе километри од брегот – дедото колабираше
Escape

Петгодишно дете и неговата баба за малку ќе ја плателе животот во вчерашната драма кај Неапол, кога душекот на кој се наоѓале го однела морската струја цели четири километри од брегот. Сцените биле толку шокантни што дедото, кој останал на плажа, се онесвестил од страв.

Драмата се случила на плажата Кастеламаре ди Стаби, каде што брзата реакција на Капетанијата спречила трагедија. Еден од припадниците на пристанишната стража скокнал директно во морето за да ги спаси бабата и детето, кои биле немоќни против силниот ветер и брановите.

Додека двајцата биле пренесени во медицински центар со лесни повреди, дедото добил итна помош на самата плажа. Властите апелираат на екстремна претпазливост при користење на душеци и гумени чамци, особено при силен ветер.

Дел од фотографиите од инцидентот го прикажуваат моментот на спасувањето – сцени кои малкумина ќе ги заборават.

Mia Home Mavrovo