ПРВ.мк
Македонија

Еднократна помош од 2.500 денари помош за пензионерите со ниски примања

Еднократна помош од 2.500 денари помош за пензионерите со ниски примања
Escape

Од утре, 1.388 пензионери од општина Кисела Вода со ниски приходи ќе добијат еднократна помош од 2.500 денари директно на нивните сметки. Вкупно 3.200 пензионери се опфатени со оваа мерка, а наредните денови ќе бидат исплатени и останатите 1.800 пензионери.

Помошта е наменета за лица кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и имаат месечни примања под 22.640 денари. Општината истакна дека освен парите, ќе биде покриен и персоналниот данок.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека оваа мерка е начин на почит кон постарите сограѓани и нивниот придонес кон општеството.

Mia Home Mavrovo