ПРВ.мк
Македонија

Мицкоски ги пречека лидерите од ЕУ и регионот пред утрешниот Самит во Скопје

Мицкоски ги пречека лидерите од ЕУ и регионот пред утрешниот Самит во Скопје
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во Скопје беше домаќин на лидерите од Западен Балкан и Европската Унија кои пристигнаа во главниот град по повод утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, посветен на Планот за раст.

На својот профил на Фејсбук, Мицкоски објави фотографии од пречекот и нагласи дека му е чест што ги прима висoките гости. Меѓу пристигнатите се и еврокомесарката за проширување Марта Кос, премиерите на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Албанија Еди Рама и на Косово Албин Курти, како и други учесници на Самитот.

Премиерот истакна дека ваквите настани ги користи како можност за промоција и лобирање за македонските државни интереси и политики на европската сцена.

Mia Home Mavrovo