Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против О.Ф.Т. (22) од Република Турција и М.Е.К. (25) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2025 година, по судска наредба, полицајци извршиле претрес во домот каде што престојувале пријавените лица. При претресот биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со куршуми од 7,62 милиметри.
Пронајденото оружје е одземено за понатамошна истрага и постапка, а случајот е пријавен кај надлежното обвинителство. Истражните активности се во тек.