ПРВ.мк
Балкан

Ноќ во Загреб никој нема да ја заборави: Србин фатен со врзан човек во кола, започна филмска потера

Ноќ во Загреб никој нема да ја заборави: Србин фатен со врзан човек во кола, започна филмска потера
Escape

Загребската полиција синоќа спречи можен киднапинг среде град! Малку по полноќ, на улицата Фра Филип Грабовац, патролна единица интервенирала по дојава за сомнителни лица кај возило со српски регистарски таблички. Сцената што ја затекнале ги шокирала – во автомобилот пронашле маж со врзани раце, а друг српски државјанин се обидел да избега, но бил совладан од полицијата.

Приведениот 36-годишен Србин, според информациите, е осомничен за противзаконско лишување од слобода. Во моментот кога дошле полицајците, втор маж побегнал од задното седиште, а врзаниот 38-годишник бил најден на совозачкото место. Случајот добива сериозни димензии – истрагата е во тек и полицијата не ја исклучува можноста за организирано кривично дело.

Очевидци велат дека целата сцена изгледала како акционен трилер – потера, апсење, врзани раце и паника на улица. Хрватските медиуми веќе го нарекоа случајот „Загребски киднапинг“.

Mia Home Mavrovo