Најтоплиот ден ова лето донесе неочекуван природен спектакл во Португалија. Додека температурите надминуваа 42°C, на една од плажите се појави редок атмосферски феномен што ги шокираше сите присутни – масивен облак во форма на бран, налик на цунами, се приближуваше кон брегот.
Овој феномен, предизвикан од судир на морски ветрови и нестабилни воздушни маси, изгледал застрашувачки, но експертите уверуваат дека не носи никаква опасност. Станува збор за визуелна илузија создадена од влага и студени струи на воздух.
Плажата се претвори во сцена од научно-фантастичен филм, додека посетителите, со телефони в раце, го снимале необичниот „цунеми од облаци“. Феноменот е редок дури и во Португалија, а вакви појави честопати остануваат незабележани – освен кога се случуваат пред илјадници капачи.
Сведоштвата и фотографиите веќе го преплавија интернетот, предизвикувајќи бројни шпекулации и теории. Природата повторно покажа колку може да биде неочекувано спектакуларна.