Од 1 јули 2025 година, сите патници на бродови за крстарење кои ја посетуваат Грција ќе мора да платат нов туристички данок – и тоа без исклучок за најпопуларните дестинации: Санторини и Миконос. Таксата ќе изнесува 20 евра по лице во сезоната што трае до 30 септември, и ќе се наплатува при пристигнување.
Властите велат дека парите ќе се користат за подобрување на туристичката и инфраструктурна понуда, но многумина се прашуваат дали ова е само уште еден начин да се приберат пари од масовниот туризам. Одлуката доаѓа по рекордна сезона со речиси 8 милиони патници и 5.490 бродови за крстарење.
Таксата е повисока за Санторини и Миконос, но и другите пристаништа нема да останат имуни – таму ќе се наплатува 5 евра по лице во високата сезона, 3 евра во преодниот период и 1 евро во зимскиот период.
Дали ова е почеток на нов тренд во Европа или само предупредување за оние што планираат патување?