Кристијано Роналдо, една од најголемите фудбалски легенди, го честиташе 119-от роденден на својот прв клуб Спортинг Лисабон, каде ја започна својата кариера. Легендарниот португалец оддаде почит на клубот од кој потекнува, порачувајќи: „Цели 119 години гордост на Португалија. Честитки за мојот Спортинг.“
Спортинг неодамна ја освои националната титула и Купот на Португалија, враќајќи ја славата на клубот. Интересно, Роналдо вчера изненади со изјава дека „припаѓа на Саудиска Арабија“, каде што игра последните две и пол сезони.
Дали ова значи дека Роналдо се подготвува за нова голема промена?










