ПРВ.мк
Црна Хроника

Закана со нож на Бит Пазар: Скопјанка нападнала мајка и ќерка по расправија

Закана со нож на Бит Пазар: Скопјанка нападнала мајка и ќерка по расправија
Escape

56-годишната С.К. од Скопје вчера била приведена откако со остар предмет им се заканувала на соседката М.А.А. (39) и нејзината малолетна ќерка. Инцидентот се случил на Бит Пазар по вербална расправија меѓу соседките, која прераснала во сериозна закана по живот.

Според МВР, С.К. со нож се доближила до мајката и детето и им упатила директни закани. Полицијата реагирала навремено и ја привела осомничената. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Mia Home Mavrovo