ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Огнена ноќ во Кочани: Три автобуси и комбе изгореа во Оризари – случајот обвиен со мистерија

(ВИДЕО) Огнена ноќ во Кочани: Три автобуси и комбе изгореа во Оризари – случајот обвиен со мистерија
Escape

Во раните утрински часови, во 2:30 часот, во населбата Оризари кај Кочани избувна пожар што зафати три автобуси и едно комбе на приватна фирма. Возилата биле паркирани на плац во близина на бензинска пумпа, а огнот целосно ги уништил.

Од СВР-Штип информираат дека Територијалната противпожарна единица Кочани навремено интервенирала и го изгаснала пожарот. За среќа, нема повредени лица, но причинетата материјална штета е огромна.

Во текот на денот треба да се изврши увид од страна на ОВР Кочани за да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот, кој засега останува неразјаснет.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo